Мебел

ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО СВЕТОТ НА НЕОГРАНИЧЕНИ МОЖНОСТИ ЗА КВАЛИТЕТНО ДОМУВАЊЕ

Покрај големиот асортиман на репроматеријали и услуги кои ги нудиме за изработка на мебел, располагаме и со голем асортиман на готов плочаст мебел и најактуелниот модел на изработка моментално МЕБЕЛ ПО МЕРКА.

Повелете посетете го нашиот изложбен салон во Скопје, во кој се изложени можни решенија за Вашиот простор за домување од нашиот производствен капацитет следени од идеите на дизајнерскиот тим. Во него се прикажани спој на современи, апстрактни, рустични, класични и уникатни парчиња мебел со неограничена функција  удобност и квалитет.

Располагаме со готови производи

Кујни изработени од: оплеменета иверка, медијапан оплеменет со 3D PVC фолија, медијапански панели со висок сјај Акрилна фолија и висок сјај PVC фолија и медијапан фарбан мат, полусјај и висок сјај. Со стандардни димензии на елементите(висина, ширина , длабина).

 Трпезариски маси изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан и комбинација на медијапан фарбан со стакло. Со стандардни димензии (висина), со различни форми (кружна, правоаголна, коцкаста).

 Клуб маси изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан, комбинација на медијапан фарбан со стакло и фурниран медијапан. Со различни форми (кружна, правоаголна, коцкаста, обла).

Комодиизработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан, комбинација на медијапан со стакло и фурниран медијапан. Со различни форми и дезени.

Библиотекиизработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан. Со различни форми и дезени.

 Елементи за ходник изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан и фурниран медијапан. Со различни форми и дезени.

Спални соби изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан и медијапански панели  со Акрилна фолија висок сјај. Составени од кревети со различни форми и димензии (кружна, правоаголна), плакари со обични и лизгачки врати, тоалети и ноќни маси.

Детски соби изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан и комбинација од текстил и медијапан. Составени од кревети со различни форми и димензии (единечен, на спрат, на полуспрат, со една фиока, со две фиоки), плакари со обични и лизгачки врати, биро и ноќна маса, полици.

Мебел за бањи изработени од:медијапан фарбан. Составени од долен елемент со керамички мијалник и горен дел со огледало со различни димензии.

Канцелариски мебел изработени од: оплеменета иверка, медијапан фарбан. Со различни форми и дезени.

Кревети изработени од оплеменета иверка и фарбан медијапан. Со различни дезени (без фиоки, со две фиоки, со една фиока, на спрат, на полуспрат, со кутија за складирање, со тврда подлога и со латофлекс подлога) со различни димензии (единечни и дупли)

Душеци со жичано јадро и  со џебно јадро со различен квалитет и димензии и форми (кружни, единечни и дупли) и

Собни врати изработени од медијапан фарбан и медијапан фурниран. Со различни дезени и димензии

(за чија достава се потребни помалку од 5 работни дена)

         

За идеално вклопување во Вашиот дом  нудиме изработката на мебел по мерка, кој вклучува:

-Совети и сугестии нудиме бесплатни совети, сугестии и информации за материјалите и нивна комбинација, комбинации на бои и дезени, оков и функција на оков и сл.

-Доаѓање на терен и земање на точни мерки за идеално вклопување во просторот ( по склучување на договор),

-Избор на материјали и оков клиентот избира материјал од кој сака да му се изработат елементите(кој подоцна ќе се имплементира во сликата за пореално доловување на ентериерот),

-Изготвување на слика 3Д цртеж со креативно идејно решение за организација на Вашиот просторот (цртежот трпи корекции се до задоволување на потребите и идеите на клиентот),

-Изготвување на скица со конечни димензиискица по која ќе се изработат елементите по димензии,

-Договор за работа вклучува комплет документи со прецизирани детали за работа, рок за завршување, обврски за клиентот и производителот,

-Транспорт и монтажа по истекот на дадениот рок а некогаш и порано (во договор со клиентот)се излегува на терен за да се изврши монтажата,

-Гаранција производите на Карат-М подлежат на 6месечна,  12месечна или 24месечна гаранција.

*Вршиме изведба на проекти од Архитекти.