Гаранциски Услови

ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ

Производителот гарантира за исправноста на производот во гарантниот рок. Сите грешки кои потекнуваат од грeшки на материјалот, изработка или монтажа на производот, производителот е должен да ги отстрани во гарантниот рок на своја сметка.

Гаранцијата се однесува на конструкцијата мебелот и материјалот на производот ,важно е да се користи во согласност со препораките за употреба од производителот.

Производителот се обврзува да ја отстрни рекламацијата во рок од 30 работни дена од денот на прием на рекламациски записник, за физичка интервенција на производот и 30 работни дена за промена на материјален дел на производот.

При пријава на рекламација, Ве молиме да го наведете бројот на купопродажниот договор,фискална сметка или фактура и гаранција.

Гаранцијата не опфаќа физички оштетувања настанати после техничкиот прием на производот во исправн состојба од страна на купецот, гаранцијата не опфаќа оков.

Гаранцијата не опфаќа грешки во функционирањето настанати поради неправилно користење на производите, преоптоварување, нечистотии, примена на сила при користење и сл.

Молиме следете ги упатствата за употреба.

Трошоците за отстранување ВОН ГАРАНЦИСКИ РЕКЛАМАЦИИ ги сноси купувачот.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Честитаме на изборот на нашите производи направени според вашиот простор и прилагодени на вашите желби и потреби. Очекуваме да имате долгогодишно задоволство во користење на нашите производи следејки ги овие едноставни упатства:
  • првенствено произвдот е наменет за внатрешни услови при елативна влажност од 35-75% и температурен интервал од 5-40 С;
  • изложување на производот на директна сончева светлина не е препорачливо;
  • производот не е наменет за отворени простории како балкони, подрумски простории и слично, односно не смее да биде во дитектен контакт со вода и јаки хемиски раствори;
За долгогодишна функционалност и добар изглед на производот следете ги следниве упатства:
  • максимално оптеретување на полиците до 10 кг.;
  • максимално оптеретување на фиксни оклагии 15 кг.;
  • наслонување на вратите не е препорачливо;
  • одржувајте ја долната шина на плакарите со лизгачки врати чиста за да не дојде до излагање на вратите од шината поради насобраната нечистотија;
  • површината на производите чистете ја со влажна крпа или со благ раствор на средство за чистење;
  • стаклените површини и огледала чистете ги со соодветни средства за чистење;
  • гасните механизми за отклоп, фиоките и крилата да се користат без употреба на прекумерна сила на затворање и отворање;
  • металните површини не ги чистете со средства кои содржат хемикални раствори за да не дојде до абење и оштетување на истите.
Нашиот стручен тим не изведува работи кои не се во наша надлежност како што се:
  • монтажа на садопер/лавабо и сифон за истиот (освен ако не се набавено од кај нас);
  • монтажа на аспиратор и црево (освен ако аспираторот не е набавен од кај нас);
  • монтажа на електрична плотна (освен ако не се набавено од кај нас);
  • монтажа на фурна (освен ако не се набавена од кај нас);
  • осветлување и слично.
За секоја промена направена по склучување на овој договорнајдоцна во времетрење од 24 часа, Ве молиме да не известите бидејќи треба да се направи нова надополна на истиот со нов нацарти нова пресметка на вкупниот износ.

Наплатата на остатокот од износот мора да се реализира најдоцна до 3 дена по прием на мебелот во исправна состојба констатирана од нарачателот.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА И РАЗБИРАЊЕТО.

Со почит, КАРАТ-М

Превземи Гарантен Лист во .pdf