Принципи на работа

Принципи на работење на Карат-М

1. Достава на производи

Карат-М врши достава на производите од готов мабел купени од сопствениот салон.Доставата на производи од готов мебел е бесплатна за сите нарачки чија вредност надминува 15.000,00 денари, за нарачки со вредност под 15.000,00 денари за купувачите кои сакаат достава до дома се наплатува 600,00 за превоз. Доставата на мебел се врши до куќниот број на купувачите. Начинот и времето на достава се договараат за време на купувањето на производите и купуачите секогаш се известени пред испораката на мебелот. Внесувањето на робата е обрска на купачот. Нарачките кои не се исплатени во целост пред доставата не се доставуваат.

2. Монтажа на производи

Монтажата на купените производи ја овозможуваме под следните услови:
  • монтажа на кујните од сопствено производство по нарачка е пресметана во цената на кујната.
  • монтажа на детска соба изработена од сопствено производство на Карат-М се наплатува 2,500,00 денари.
  • монтажа на плакар изработен од сопствено производство на Карат-М се наплаќа 2,500,00 денари.
  • монтажа на спална соба во изработка на Kарат-М се наплаќа 4,000,00 денари.

3. Димензии на производите

Купувачите задолжително треба точно да ги проверат димензиите на производите кои ги купуваат. Обврска на купувачот е да ги провери и димензиите на просторот каде треба да се внесе купениот мебел. Доколку димензиите на нарачаниот производ по нарачка не одговара на просторот каде треба да се внесат Карат-М не превзема одговорност и сите настанати дополнителни трошоци се на терет на купувачот.

4. Начин на плаќање

  • Плаќање во готово – кога се склучува нарачката (Договорот) се плаќа целиот износ за нарачки до 15,000,00 или 50% од износот за нарачки над 15,000,00 денари а остатокот од 50% се доплаќа на денот на испорака на мебелот.
  • Плаќање на фактура – кога се склучува нарачката (Договорот) се плаќа целиот износ за нарачки до 15,000,00 или 50% од износот за нарачки над 15.000,00 денари а остатокот од 50% се доплаќа на денот на испорака на мебелот.
  • Плаќање со картички – со Виза, Мастер, Маестро картици од сите банки, како и Дајнерс картичка.
  • Плаќање преку СЦ Нет Македонија – за членови на СЦ Нет Македонија начинот на плаќање е по про-фактура со однапред утврдени попусти од 8% за репроматеријали, 10% попуст за душеци и мебел.

5. Рекламации

Купувачот може да пријави рекламација до Карат-М по писмен или усмен пат, при пријавата на рекламацијата да се приложи фискална сметка и гарантен лист и доколку има можност слика од рекламираниот производ. Продавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по приемот на рекламацијата да даде свое мислење и свој предлог за решавање на пријавениот проблем. Доколку се утврди дека рекламацијата е оправдана продавачот е должен во рок од 30 дена да ја реализира рекламацијата.Доколку се утврди дека рекламацијата не е оправдана продавачот има право да бара надомест за извршената интервенција според редовните цени на извршените услуги.

Продавачот е одговорен за производот само во гарантираниот рок до 12месеци.продавачот не одговара за производите кои се подигнати со сопствен превоз или монтирани од трети лица освен во случај на технички проблем.