Работни плочи

Работните плотни во внатрешноста се изработени од пресовани струготини ,односно истата суровина од која се изработува иверката . Работните плотни зависно од димезијата и намената можат да бидат водоотпорни и неводоотпорни. Внатрешната исполна кај водоотпорните плотни е со зелена боја. Огнотпорнноста на работните плотни ја овозможува завршната ХПЛ фолија. ХПЛ фолијата ја дава отпорноста и истрајноста на работните плочи. Фолијата на плотните е отпорна на хемикалии, вода и гребнатини и издржуваат топлина до 250 целзусови степени. На задниот дел на плотните еналепена водоотпорна фолија која дава заштита од влага, вода и пареа.
Примена: мебел за кујни, канцелариски мебел, лабаратории и сл.