Производи и услуги

Нудиме  голем избор на репроматеријали и услуги за моделот на изработка НАПРАВИ САМ.

Со нашиот спектар на материјали, бои и оков  со кој располагаме можете да создадете убав, удобен и квалитетен простор за домување и работа. Ваше е само да ја разработите идеата, а ние ќе Ви понудиме и помогнеме околу изборот на МАТЕРИЈАЛИТЕ:

-ОПЛЕМЕНЕТА ИВЕРКА: од познатите производители Лесна, Алфавуд, Егер, Старвуд , Фалко и Кроношпан,

-МЕДИЈАПАН: суров, оплеменет и флексибилен,

-ПАНЕЛИ СО ВИСОК СЈАЈ: медијапански панели оплеменети со Акрилна фолија и медијапански панели оплеменети со PVC фолија,

-ФУРНИР: фурнирана иверка и фурниран медијапан,

-ЛЕСОНИТ:HDF плочи со повеќе нијанси и димензии,

-ПОСТФОРМИНГ ВРАТИЧКИ: со голем избор на нијанси,

-РАБОТНИ ПЛОЧИ: со различни димензии и квалитет (влагоотпорни, водотпорни и стандардни)

-ОСТАНАТИ ПЛОЧИ: Сировинска иверка, LSB плочи и Еуро панел.

 

За да можете да ја реализирате Вашата идеа тука сме да Ви ги понудиме најсовремените МЕХАНИЗМИ и останати АКСЕСОАРИ за мебел, како :

-КАНТ ТРАКА:PVC, ABS, Фурнирана, Алуминиумска, Трака со висок сјај, Дизајнирана трака. Со соодветни димензии и дебелини.

-МЕДИЈАПАНСКИ ЛАЈСНИ: со различни форми, дезени и нијанси (во мат и сјај варијанта).

-ОКОВ: шрафови, типли, ексцентри, метални и пластични аголници, различни модели на спојни елементи и држачи, ногари, тркалца, закачалки, рачки, брави, шарки, амортизери, шини за фиоки, елементи за вградувањеа (корпи, решетки, вагонетки), заштитни лајсни, т-лајсни, шини за лизгачки врати, рачки лајсни, п-лајсни, механизми за лизгање, сет кабли, дистанцери, базични системи за кревети со нагорно отварање, латофлекс и тн.

-МИЈАЛНИЦИ И ЧЕШМИ: ростфајтни и гранитни со различни дезени, димензии и бои.

 

Но за идеата непречено да се реализира и истата да се стави во функција Ви ги нудиме и следниве УСЛУГИ:

- КРОЕЊЕ НА ПЛОЧЕСТ МАТЕРИЈАЛ: иверки, медијапан, лесонит, работни плочи со професионални CAT компјутерски машини,

- КАНТИРАЊЕ НА КРОЕНИ МАТЕРИЈАЛИ:со софистицирана германска технологија за кантирање со ABS трака со различна големина и дебелина 22*2, 22*04, 28*2, 28*04, 42*2, 44*2, 48*2 и 54*2,

*Кантирање со фурнирски траки

-ОБРАБОТКА НА CNC МАШИНА: на плочест материјал, од наједноставни форми, облини и кругови до најсофистицирани профили,

*Компјутерско перфорирање на елементи,

*Компјутерско бушење за ексцентри и типли на елементи,

*Компјутерско жлебање на отвори за стакло, огледало и лесонит,

*Отварање на отвори за садопери во работни плочи,

*Жлебање за различни алуминиумски профили,

*Бушење на отвори за шарки по стандардни и вонстандардни димензии,

*Кроење на медијапански лајсни под гер агол, бушење за машнички и нивно целосно склопување,

*Површинско профилирање на медијапански фронтови,

*Кроење на плочест материјал под агол од 45

*кроење косини,

*Бушење за механизми за лизгачки врати,

-КРУЖНО КАНТИРАЊЕ на кроени кружни профили,

-ФАРБАЊЕ: со полиуретански бои во софистицирана комора за фарбање, во следниве нијанси: мат, полусјај, софт и висок сјај,

-БАЈЦУВАЊЕ И ЛАКИРАЊЕ на фурниран медијапан, со бајц на нитро база и лак,

-ЛЕПЕЊЕ НА HPL ФОЛИИ НА ЛАДНА ПРЕСА.

*Вршење услуги на мембранска преса,

*Обработка и оплеменување на медијапански фронтови со 3D PVC фолии на вакум преса,

-ИЗРАБОТКА НА МОНОБЛОК ЕЛЕМЕНТ,

-ИЗРАБОТКА НА МЕДИЈАПАНСКИ ОБЛИ ВРАТИ, можност за изработка на цел елемент или полупроизвод (само фронт и сл.)

 

Советите и сугестиите од нашиот тим на професионалци се на наша сметка!

Новости

Саем за мебел 2017

Карат-М Ви ги преставува своите производи од Саемот за Мебел 2017…  
Види повеќе ...

Саем за мебел 2016

Карат-М Ви ги преставува своите производи од Саемот за Мебел 2016…  
Види повеќе ...

Саем за мебел 2015

Карат-М Ви ги преставува своите производи од Саемот за Мебел 2015…  
Види повеќе ...

Експонати на попуст

Карат-М Ви ги преставува своите експонати на попуст...  
Види повеќе ...

Саем за мебел 2014

Карат-М Ви ги преставува своите производи од Саемот за Мебел 2014...
Види повеќе ...

Пребарувај

Големина на фонт